Денес, фитнес-тренерот Вики Балшевска ви ги преставува нејзините ТОП 5 вежби за тонирани и цврсти раце
,,Убавина и здравје” заради афирмирање на вежбањето и здравиот начин на живот започна серијал на презентација на вежби кои ќе ви помогнат да намалите килограми и да го ремоделирате вашето тело.
Денес, фитнес-тренерот Вики Балшевска ви ги преставува нејзините ТОП 5 вежби за тонирани и цврсти раце.
Овие вежби ќе Ви помогнат да ги зацврстите и извајате вашите раце и да изгледате попривлечно од кога било претходно. Освен што ќе имате совршени раце, со дел од овие вежби исто така ќе го активирате јадрото и долниот дел од вашето тело со што добивате одличен тренинг за целото тело.
Dumbbell Biceps Curls
Застанете исправено и стапалата нека ви бидат поставени во ширина на колковите. Активирајте ги и стомачните мускули.
Држете по еден тег во секоја рака, со тежина по избор. Во овој случај, вежбата е прикажана со тег по 1 кг во двете раце. Оставете ги рацете слободно да паѓаат.
Држете ги надлактиците стабилни, свиткајте го лактот и подигнете ги теговите така што ќе ги приближите до рамениците. Лактите треба да останат блиску до вашето тело.
Издишете додека кревате.
Спуштете ги теговите во почетната позиција.