Виолета Балшевска “Vicky Balsh” е Сертифициран Персонален Тренер, мотиватор и life coach, кој ги менува вашите животни приказни, Ви помага и Ве инспирира да бидете НАЈДОБРАТА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ!
Со своето досегашно искуство и 10 годишна работа со клиенти има променето и подобрено во секој аспект многу животни навики и истите ги имаат задржано советите и продолжиле да се водат со истите, чувствувајќи се најдобро до сега!
Во фитнесот се вљубила токму преку танцот кога нејзините тренинзи траеле дури и по 4 часа во денот со најразлични фитнес активности. Тука се раѓа нејзината желба за понатамошно истражување и надополнување на нејзината разноврсност кон вежбите и имплементација на теретаната и фитнес работата со клиенти.
Открива дека се чувствува одлично кога успева и на другите да им помага да ги менуваат своите животни навики пренесувајќи им го своето знаење и искуство.
Нејзината денешна цел е сеуште да помага на секој оној кој му треба мотивација, инспирација и вовед во вежбањето како и нивно комплетно водење на здравиот живот и подобрување на нивната состојба. Нејзината цел е да ги менува навиките кај луѓето со долготрајни и доживотни резултати.
Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.