ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
август 11, 2024 2024-09-15 10:50ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа политика за приватност.
Корисниците се должни внимателно да ја прочитаат оваа Политика за приватност, се со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информациите што ги собира веб-страната vickybalsh.mk.
Со пристапот на оваа веб-страница и нејзино користење, корисникот потврдува дека е согласен со условите и начинот на користење на Политиката за приватност.
Кои лични податоци ги собираме
При посета на веб – страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страницата (креирање на Ваш профил и користење на услугата за on-line плаќање. Доколку го преземете дејството, се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
При Ваша регистрација на веб страната и креирање на Ва профил, vickybalsh.mk ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
Вашето име и презиме
Адреса
Телефонски број
Е-пошта
При користење на услугата On-line плаќање, vickybalsh.mk ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
Вашето име и презиме
Адреса
Телефонски број
Е-пошта
При користење на услугата Рефундирање на средства, vickybalsh.mk ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
Вашето име и презиме
Информации за Вашата трансакциска сметка
Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.
Начин на собирање на личните податоци
Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за online плаќање се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
Vickybalsh.mk ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени, како што се:
Овозможување на on-line плаќање и користење на нашите услуги;
Администрирање на содржината, промоциите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
Навремено информирање на корисниците за своите новости и промоции;
За реализација на on-line плаќањата на интернет страницата vickybalsh.mk
За рефундирање на средства;
За контакт по пат на електронска пошта;
Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта зара-ди која се собрани.
Обработката на Вашите лични податоци vickybalsh.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, vickybalsh.mk применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои vickybalsh.mk има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, vickybalsh.mk ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас.
Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса за”, и дополнително имате право да ја дадете својата согласност да добивате новости. Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.
Заштита на личните податоци
vickybalsh.mk презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Целокупната документација за софтверските програми за обработка на лините податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласнот со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на лични податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
Право на ограничување на обработката на личните податоци;
Право на исправка, бришење и повлекување на согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
Право на пристап до личните податоци;
Право на приговор;
Правода се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг;
Рефундација
Барања за рефундирања на средства може да се достават на е-маил [email protected] со детално образложение зошто истото се бара, а за кое тимот на vickybalsh.mk соодветно одлучува дали истите ќе бидат рефундирани. Vickybalsh.mk го задржува правото да не се рефундираат средствата после 5 дена од плаќањето.
Промена на политиката за приватност
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување.
Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата веб-страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост
Секое копирање, дистрибуирање, превземање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на било кои содржини поставени на веб страницата vickybalsh.mk, без претходно изречена писмена дозвола и согласност од страна на vickybalsh.mk е строго забрането.
Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или на друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓански и/или кривични одговорности и постапки.
Контакт за сите ваши барања и предлози: [email protected]