Често поставувани прашања
август 19, 2024 2024-09-15 15:40Често поставувани прашања
ЗА КОГО СЕ ПРОГРАМИТЕ?
Програмите се наменети за сите оние кои сакаат да намалат килограми, да се решат од мастите и да започнат здрав начин на живот. Сите тренинзи се внимателно направени со одбрани вежби за максимален ефект, така што програмите се направени од почеток до крај со интензитет од лесно кон потешко (вежби или килажи) со цел да имате оптимален ефект, да намалите кг и масти како и да изградите мускули и да го оформите вашето тело.
ДАЛИ И КАКО ЌЕ ОСЛАБАМ СО ПРОГРАМИТЕ?
Да, да и многу лесно! Треба само да ги следиш правилно тренинзите, советите и голема клучна улога игра и исхраната. Рецептите и исхраната ти се веќе достапни и делот со совети читај го секогаш кога ќе ти затреба. Сето ова, со еден збор е дисциплина, кога ќе започнеш да се држиш до сите овие работи, да, ќе ослабеш многу лесно 😊
КОГА ЌЕ ИМАМ ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ?
Пред се треба да сме реални во очекувањата и правилен здрав начин на слабеење е -4 до -5 кг месечно. Се повеќе од тоа се смета за не здрав начин на слабеење, гладување, намалување на вода во телото (не масти) и тие кг се оние кои брзо се враќаат. Така да, следете ги правилата за правилно слабеење, редовно вежбајте ги тренинзите, следете ја исхраната и рецептите кои Ви се достапни ииии чекајте резултати. Првите резултати се секогаш видливи после 1-1 ипол месец од стартот, но може и порано бидејќи ова е сосема индивидуално кај секој.
Пс: Моја препорака е да не ја гледате вагата цело време и дека вагата не е секогаш добар показател за прогрес. Посебно за програмите каде има килажи, да знаете кога вежбате се формираат и мускули кои можеби тежат исто како мастите, но вашата форма е различна. Затоа, најдобар показател покрај вагата е и намалениот број на фармерките 😊
ДАЛИ МОЖАМ ДА ВЕЖБАМ АКО ИМАМ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ?
Најпрво треба да се консултирате и советувате со лекар. Зависно за каков здравствен проблем станува збор, првенствено треба да се советувате со лекар дали смеете и можете да вежбате. Овие програми и тренинзи се направени за оние кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но не значи и дека не се добри за останатите, на кои им е одобрено од лекар да вежбаат. Доколку имате здравствен проблем, прекумерна тежина, срцево заболување, проблеми со коските, рбетот, колената, зглобовите, било какви здравствени состојби, сколиоза, дискус хернија и слично потребно е да се консултирате со лекар, бидејќи во спротивно одговорноста од несакани ефекти, повреди и било какви случувања е целосно на нивна страна.
КОЛКУ ТРАЕ ЕДНА ПРОГРАМА?
Една програма се следи и трае 4 недели.
Зависно од програмот, може да Ви е достапен и 2 месеци.
КОЛКУ ДЕНА СЕ ВЕЖБА НЕДЕЛНО?
Во програмите има вежби за 3-4 пати неделно. 3 се веќе подготвени, 4тиот е кардио тренинг за кој исто така имате опции да одберете ВИЕ кој сакате.
Во некои од програмите има вметнати кардио видео тренинзи и може да си ги извежбате повторно доколку сакате тоа да биде изборот за кардио тренинг.
ДАЛИ Е ВО ЖИВО ТРЕНИНГОТ ИЛИ МОЖАМ ДА ВЕЖБАМ КОГА САКАМ?
Тренинзите се наменети да ги вежбате кога сакате и каде сакате. Достапни ви се на телефон, лап топ, компјутер или таблет во видео форма, пдф или мобилна апликација.
КОИ СЕ БЕНЕФИТИТЕ ОД ОВИЕ ПРОГРАМИ?
– Намалени килограми и масти
– Подобрена флексибилност, агилност, издржливост и рамнотежа.
– Подобрена психо-физичка состојба
– Подобрено расположение
– Зголемена енергија во текот на денот
– Зголемена позитивна енергија
– Зголемена самодоверба
– Намален стрес
– Намалени негативни мисли
ЗА КОЈА ВОЗРАСТ СЕ ПРОГРАМИТЕ?
Програмите може да ги вежбаат возрасни.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ПРАШАЛНИКОТ?
Пополнете ги празните места, име и презиме, емаил адреса и на празниот простор, напишете го прашањето и кликнете ИСПРАТИ. Ќе Ви одговориме најбрзо што можеме.
КАДЕ ДА АПЛИЦИРАМ ЗА ПЕРСОНАЛНИ ТРЕНИНЗИ?
Најдолу кај прашалникот, напишете име и презиме, емаил адреса и во празното поле пишете дека сакате да аплицирате за персонални тренинзи. Оставете телефонски број и доколку има слободни места, ќе Ве контактираме најбрзо што можеме.
ОДГОВОРНОСТ
Информациите, фитнес и нутриционистичката содржината на оваа веб страна е наменета само за образовни цели и не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Информациите што се споделуваат тука се само за едукативни цели. Доколку сте загрижени или имате прашања околу вашето здравје консултирајте се секогаш прво со лекар. Пред да дејствувате на која било која содржина на оваа веб страна, мора да се консултирате со медицински професионалец/лекар. Користењето на сите содржини и програми прикажани на оваа веб страна е единствено и само на ваша сопствена одговорност.