Програми

BODY SCULPT PROGRAM

Ова е идеална програма за сите. Добивате снимени 15-30 минутни видео тренинзи кои може да ги вежбате СЕКАДЕ! Вежбите се изведуваат со сопствена тежина и е одличен за секој кој сака да намали килограми и масти, да го зајакне и трансформира своето тело. Во програмот се вклучени и здрави рецепти за исхрана со двооојно мени. Комплетен неделен фитнес програм за вашата трансформација.

Практичноста на овој програм е што може да го вежбате СЕКАДЕ! Во природа, во двор, во теретана или пак во топлината на сопствениот дом.

Start Your Journey - Ultimate Beginners Gym Program

Ова е програм наменет пред се, за почетници. Сите оние кои за првпат се запознаваат со вежбање во теретана, но и за оние кои имаат направено поголема пауза од вежбање. Ова е идеална програма за сите, комплетно ќе Ве запознае со сите справи и вежби кои Ви се потребни за да започнете здрав начин на живот и да започнете со физичка активност која ќе Ви го смени значително начинот на живот и ќе ви го подобри секојдневието.

FIT BODY START UP - WEIGHT LOSS Workout Plan

Ова е Intermediate програма, наменета за сите оние кои веќе имаат искуство со вежбање во теретана, outdoor fitness и сл. Односно, сите оние кои имале веќе некое време континуирана физичка активност и спаѓаат во Intermediate level.
Оваа програма е идеална за да ја остварите вашата цел доколку целта Ви е да ги намалите килограмите, да ги стопите мастите и да изгледате ФИТ. Програмот е комплетно направен и составен со различни видови на тренинзи кои ќе Ве доведат до Вашата цел.

Често поставувани прашања

Програмите се наменети за сите оние кои сакаат да намалат килограми, да се решат од мастите и да започнат здрав начин на живот. Сите тренинзи се внимателно направени со одбрани вежби за максимален ефект, така што програмите се направени од почеток до крај со интензитет од лесно кон потешко (вежби или килажи) со цел да имате оптимален ефект, да намалите кг и масти како и да изградите мускули и да го оформите вашето тело.

Да, да и многу лесно! Треба само да ги следиш правилно тренинзите, советите и голема клучна улога игра и исхраната. Рецептите и исхраната ти се веќе достапни и делот со совети читај го секогаш кога ќе ти затреба. Сето ова, со еден збор е дисциплина, кога ќе започнеш да се држиш до сите овие работи, да, ќе ослабеш многу лесно 😊

Пред се треба да сме реални во очекувањата и правилен здрав начин на слабеење е -4 до -5 кг месечно. Се повеќе од тоа се смета за не здрав начин на слабеење, гладување, намалување на вода во телото (не масти) и тие кг се оние кои брзо се враќаат. Така да, следете ги правилата за правилно слабеење, редовно вежбајте ги тренинзите, следете ја исхраната и рецептите кои Ви се достапни ииии чекајте резултати. Првите резултати се секогаш видливи после 1-1 ипол месец од стартот, но може и порано бидејќи ова е сосема индивидуално кај секој.

Пс: Моја препорака е да не ја гледате вагата цело време и дека вагата не е секогаш добар показател за прогрес. Посебно за програмите каде има килажи, да знаете кога вежбате се формираат и мускули кои можеби тежат исто како мастите, но вашата форма е различна. Затоа, најдобар показател покрај вагата е и намалениот број на фармерките 😊

Најпрво треба да се консултирате и советувате со лекар. Зависно за каков здравствен проблем станува збор, првенствено треба да се советувате со лекар дали смеете и можете да вежбате. Овие програми и тренинзи се направени за оние кои немаат здравствен проблем  и се комплетно здрави, но не значи и дека не се добри за останатите, на кои им е одобрено од лекар да вежбаат. Доколку имате здравствен проблем, прекумерна тежина, срцево заболување, проблеми со коските, рбетот, колената, зглобовите, било какви здравствени состојби, сколиоза, дискус хернија и слично потребно е да се консултирате со лекар, бидејќи во спротивно одговорноста од несакани ефекти, повреди и било какви случувања е целосно на нивна страна.

Една програма се следи и трае 4 недели.

Зависно од програмот, може да Ви е достапен и 2 месеци.

Во програмите има вежби за 3-4 пати неделно. 3 се веќе подготвени, 4тиот е кардио тренинг за кој исто така имате опции да одберете ВИЕ кој сакате.

Во некои од програмите има вметнати кардио видео тренинзи и може да си ги извежбате повторно доколку сакате тоа да биде изборот за кардио тренинг.

Тренинзите се наменети да ги вежбате кога сакате и каде сакате. Достапни ви се на телефон, лап топ, компјутер или таблет во видео форма, пдф или мобилна апликација.

– Намалени килограми и масти

– Подобрена флексибилност, агилност, издржливост и рамнотежа.

– Подобрена психо-физичка состојба

– Подобрено расположение

– Зголемена енергија во текот на денот

– Зголемена позитивна енергија

– Зголемена самодоверба

– Намален стрес

– Намалени негативни мисли

Програмите може да ги вежбаат возрасни.

Пополнете ги празните места, име и презиме, емаил адреса и на празниот простор, напишете го прашањето и кликнете ИСПРАТИ. Ќе Ви одговориме најбрзо што можеме.

Најдолу кај прашалникот, напишете име и презиме, емаил адреса и во празното поле пишете дека сакате да аплицирате за персонални тренинзи. Оставете телефонски број и доколку има слободни места, ќе Ве контактираме најбрзо што можеме.

Информациите, фитнес и нутриционистичката содржината на оваа веб страна е наменета само за образовни цели и не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Информациите што се споделуваат тука се само за едукативни цели. Доколку сте загрижени или имате прашања околу вашето здравје консултирајте се секогаш прво со лекар. Пред да дејствувате на која било која содржина на оваа веб страна, мора да се консултирате со медицински професионалец/лекар. Користењето на сите содржини и програми прикажани на оваа веб страна е единствено и само на ваша сопствена одговорност.

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare