ОНЛАЈН ПРОГРАМИ

ОНЛАЈН ПРОГРАМИ

Твојот тренинг, твоето темпо, твоите цели.

Каде и да си, можеш да имаш професионално водство и програма креирана според тебе и твоите цели. Со Online Coaching добиваш индивидуално креирана програма која можеш да ја следиш каде и да се наоѓаш.

Без разлика дали сакаш да ослабеш, да го обликуваш и затегнеш телото, да изградиш мускулна маса, да станеш посилна или едноставно да вградиш повеќе движење и здрави навики во твоето секојдневие, програмата ја прилагодувам на твоите цели, можности и начин на живот.

Програмата е креирана според твоето ниво на физичка подготвеност, достапната опрема и времето со кое располагаш. Ќе знаеш што да правиш, како да го правиш и на што да внимаваш, без да се прашуваш дали тренираш правилно.

✨ Што добиваш со Online Coaching?

● Индивидуално креирана програма според твоите цели
● Тренинзи прилагодени на твоето ниво и достапната опрема
● Инструкции за правилна изведба на вежбите
● Континуирано следење на твојот напредок
● Прилагодување на програмата според твојот напредок
● Насоки за исхрана и здрави навики
● Поддршка и мотивација во текот на целиот процес

Не мора да имаш совршени услови за да започнеш. Потребни ти се желба, посветеност и план кој е прилагоден на твојот живот.

Без разлика дали тренираш дома, во теретана или на патување, јас ќе бидам тука да те насочувам и да ти помогнам да останеш на вистинскиот пат кон твојата цел.

Сакам да имаш чувство дека не си сама во процесот. Ќе го следиме твојот напредок, ќе ги прилагодуваме тренинзите кога е потребно и заедно ќе работиме на тоа да создадеш резултати кои можеш да ги одржуваш и на долг рок. 🤍

Подготвена си да започнеш?

Не дозволувај локацијата или недостатокот на време да бидат пречка. Започни со Online Coaching и тренирај според твоите услови, со професионално водство на секој чекор.

Пријави се за Online Coaching и направи го првиот чекор кон твојата цел. 🤍

0 Години искуство
0 Задоволни клиенти
0 Посветена грижа
Назад кон услугите

Подготвени за почеток?

Испрати порака и заедно да го испланираме следниот чекор.

Контактирај

ТВОЈОТ ПАТ ДО ЦЕЛТА

Други услуги